Нонковиќ: Македонија ќе остане без одбрана и секој подобро вооружан ќе може да не окупира за помалку од 48 часа!

0
1374

СТОЛТЕНБЕРГ ДОЈДЕ ДА НЕ УБЕДУВА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ, НО ЗНАЕТЕ ЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА БЕЗ ОДБРАНА И ДЕКА НАСКОРО ЌЕ МОЖЕ СО ПУШКИ И ПИШТОЛИ ДА НЕ’ ОСВОЈАТ!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска присуствува во посета на Република Македонија, со цел да и даде поддршка на квинслишката власт во земјата да го протурка референдумот за обезименување на вековната македонска држава, а со цел потоа истата да стане 30-та членка на неговата (и светски најголема) воено-политичка организација. „Само уште еден чекор и ќе влезете во рајот“, се пораките на машинеријата на хунтата што е на власт во Македонија, а кое ќе се преслика и во слична порака од Столтенберг, а во однос на тоа Македонците (на референдумот) сами да се откажат од своето име, националност, јазик, историја, традиција… односно од се македонско, а за да влезат во НАТО.

Главната поента на Северната Алијанса е дека според членот 5 од Договорот за оснавање на НАТО, останатите земји-членки на Алијансата „ќе го штитат секој друг член на НАТО во случај на воена и/или друга опасност“.

Но, за да те заштитат, најпрво, нели, треба самиот да се заштитиш, што значи да имаш силна државна одбрана (војска), поготово што во случајот со Македонија, иминентната опасност по нејзиниот државен и територијален суверенитет и интегритет, не доаѓа од земји што не се членки на Алијансата, туку, напротив од земји-членки на НАТО (Албанија, Бугарија и Грција, а и од Косово, кој е пак НАТО-протекторат).

Па, така, додека целокупната македонска јавност е окупирана со претстојниот референдум (кој, се надеваме дека со бојкот од сите нас нема да им успее!), Министерството за одбрана на Радмила Шеќеринска си изготвило „Стратешки преглед за одбрана 2018 на Република Македонија“ (http://morm.gov.mk/…/20…/07/SDR-Paper-dated-05-July-2018.pdf), според кој Македонија во иднина ќе остане без одбрана и секој со малку подобро вооружување ќе може да не окупира за неповеќе од 48 часа!

Клучни од овој „преглед“ се точките 8 и 9 („Одбрамбени ресурси (човечки, материјални и финансиски)“ и „Капацитети за оружје и национална координација“), тогаш не само што ќе се расплачеме, туку ќе треба и сериозно да се загрижиме, бидејќи во иднина, според планираната „шема за разградување на македонската одбрана“ на власта на СДСМ и ДУИ (пред се на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска), а по желба (читај: налог) на НАТО, Македонија ќе нема кој да ја (од)брани од најобична закана по територијалниот интегритет и суверенитет!

Но, со ред.

Секоја држава има своја армија и резевни сили, што во Македонија се случи во 1992 година под водство на генералот Митре Арсовски. Но, АРМ по 2003 година и трансформацијата во професионална армија, го прифати моделот на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург), што значи добивме професионална армија со работно време и слободни викенди. Брутално објаснето, тоа значи дека ако некој не нападне, уште оттогаш преферираме тоа да го направи од понеделник до петок меѓу од девет часот наутро и 17 часот. Истата брои 7.500 членови (војници и старешини), а според новата шема на Шеќеринска, дополнително ќе се намали на 5.500 војници и старешини.

Во однос на резервните сили, нормалните земји (што ќе рече: неокупираните) имаат неколку пати годишни или командно штабни или теренски активности за истите, нешто што кај нас по 2001 година и завршување на војната се нема случено воопшто! Целокупното оружје што е алоцирно за тие резервни единици се конзервира, за, нели во случај на војна, истото да е употребливо. Но, негрижата и расипништвото во АРМ доведоа до тоа да целокупното оружје што е оставено за резервните сили, воопшто да не е исправно и да е речиси непоправливо! Тоа значи сите оклопни возила М-113, сите оклопни транспортери „Леонидас“, сите БТР-70… едноставно буџетот на македонската армија беше така планиран да нема пари за нивно одржување.

Што е уште пострашно, според шемата за „Идна структура на Армија на Република Македонија“ (види фото во прилог), артилерискиот и тенковскиот баталјон, како и баталјонот за Против-воздушна одбрана (ПВО) одат во резервни сили, односно се укинуваат! Со новото поставување на АРМ, целокупното тешко оружје што Македонија го поседува ќе се префрли за тие (непостоечки) резервни сили, што значи дека го чека идентична судбина како и на претходното (ќе скапе!). А, иако се наведува бројка од 16.000 припадници на резервниот состав, бидејќи досега ниту еднаш не се собрал на обука, истиот никој нема поим колку брои!

Според постојниот договор на Македонија со НАТО за декларирани сили, тоа значи дека нашата армија ќе има еден (ЕДЕН) баталјон механизирана пешадија, односно четири чети по 120-130 војници плус една чета од 30-тина оклопни транспортери. Наводно, се разговарало за транспортери со 8х8 тркала, за чија набавка досега е преговарано со Израел, Турција и Полска, но досега без резултат.

Исто така, потребни се и шест до осум самоодни артилериски орудија, ама и тоа го немаме, што значи македонската држава е оставена да ја брани само пешадија со пушки! Ако се знае дека војниците во пешадијата и во моментов немаат чизми, дека имаат само еден ЕДЕН пар униформа и тоа подарок од Турција (донација со борбени елеци), шлемови од САД, ама со различен степен на заштита, исто и со панцирите, тогаш само мораме да претпоставиме во каква состојба ќе биде македонската одбрана.

Од средствата за поддршка, како тешки митралези, минофрлачи и ПОВР (Против-оклопни наведувани ракети), Армијата на Република Македонија има на располагање минофрлачи ама 82 мм, но тие не се НАТО, што значи дека ќе мора да се стопат постојните и да се набават нови. АРМ има тешки митралези, а од ПОВР, нашата војска располага со солидни системи МиЛАН2, при што Франција ни донираше 11 системи со 33 ракети. Сепак, овие ракети се веќе потрошени и нема кој да купи нови, а и веќе нема обучен кадар за справување со истите.

Единствено што ја држи АРМ се добро обучениот и дисциплиниран кадар, односно офицери што се остаток од првата генерација на македонската армија, дел тешко оружје, артилерија и оклопно-механизираните единици. Па, така, артилеријата е во добра состојба, со оглед на тоа што нашата војска има се уште 108 хаубици од 122 мм со домет од 12.000 метри и 54 хаубици од 105мм со домет од 11.000 метри, како и 12 системи БМ21 „Град“ од 122мм и тоа 40 ракети со домет од 20 км. и 12 системи м63 пламен 128мм со домет од 8600 метри со 32 цевки.

Сето останато е стандардно дефанзивно оружје, кое сега министерката ни за одбрана Шеќеринска ќе го стопи и ќе останеме не само со голи раце, туку и со слуштени гаки и наведнати за …

Капак на се, Полкот за специјални операции на АРМ, кој е составен од Единица за Специјални намени „ВОЛЦИ“, Единица за длабинско извидување и поддршка, како и од антитерористички единици за дејство „РЕНЏЕРС“ и чета за подршка (Опремени со оклопни возила БТР-80 и тешки минофрлачи 120мм, автоматски фрлачи на гранати АФГ-30, рачни ракатни фрлачи, тешки митралези…) и командна чета, сега со „реформата на Шеќеринска“ ќе го снема, бидејќи „ренџерите“ (познати по нивното учество во НАТО-мисиите во Ирак и Авганистан, заедно со четата за поддршка ќе бидат укинати!

За овој Полк е задолжен Врховниoт командант на оружените сили (претседателот на државата), но со поставувањето на новиот Началник на генерал-штабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, кој на оваа функција дојде минатиот месец директно по двегодишен дрил во седиштето на НАТO во Брисел, се очекува тој и неговата „шефица“ Шеќеринска да ја завршат и оваа работа со измкнување на Полкот од рацете на Иванов, а потоа и негово расформирање.

Сето ова, во превод значи дека Македонија останува без FIREPOWER (огнена сила), а доказ за ова е податокот дека веќе започнаа да се префрлаат војници од „ренџерите“ во воената полиција.

Па, така, можеме само да замислиме каква сила ќе биде Македонија кога/ако влеземе во НАТО, односно кога ќе останеме без оружје и колку ќе ги чини во пари македонските данокоплаќачи да купи земјата ново, НАТОВСКО оружје… Се разбира, под услов да има кој да ни продаде.

Нека ни е Господ напомош!

Пишува: Бобан Нонковиќ

Коментирај