Низ целата држава ќе се собираат потписи за поддршка на децата со посебни потреби

0
4349

Продолжува акцијата за собирање потписи за поддршка на барањата на невладините и родителите на децата со попреченост за законски измени со кои ќе им се олесни животот. На плоштадот во центарот на Скопје, на штанд се поставени книги каде што граѓаните до 16 часот ќе може да се потпишат.

Потребни се 10 илјади потписи за измени на законите да влезат во собраниска процедура. Инцијативата се однесува и на измени на подзаконски акти за соодветни права за оваа категорија луѓе.Инаку родителите на децата со посебни потреби во поминаа две вечери кампувајќи пред Собранието со цел да го привлечат вниманието на политичарите кои ги заборавија нивните проблеми како и покренување на свесност во јавноста за нивните секојдневни проблеми.

Денес се отворени книгите за потписи во Штип и Битола, како и на Филозофскиот факултет во Скопје! Организаторите најавуваат дека од утре, книги за поддршка ќе бидат отворени и во:
Скопје – Ресурсен центар
Прилеп,
Охрид,
Струмица,
Гевгелија,
Валандово,
Тетово,
Гостивар,
Велес,
Кавадарци,
Неготино..
Побарајте ги книгите во централното градско подрачје!
Ќе следи апдејт за други градови..
Поддршката од нашите сограѓани е неверојатна! Сите сме дел од ова! Да ги исправиме социјалните неправди! Различни сме, но еднакви <3

1

2

3

4

5
Извор: Фејсбук

Коментирај