Нивото на Треска шест пати повисоко од просекот

0
469

Шест пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, а тројно зголемени се Вардар кај Зајчев Рид, на Црна кај Новаци и на Пчиња кај Катлановска Бања, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Двојно покачување, пак, бележи Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија.

Нивото на Охридско Езеро е четири сантиметри под дозволениот максимален водостој, а на Дојранското еден сантиметар над договорениот максимален водостој.

МИА

Извор:курир

Коментирај