Ништо не е поубаво и посилно од насмевката која поминала низ патот на солзите- цитати

0
1502

1. Само еден човек може да ве направи среќни и да ви го промени животот. Вие самите.

2. Животот ќе се подобри, само ако ризикувате. Првиот и најтешкиот ризик од нив е да бидете искрени со самите себе.

3. Престанете да мислите колку сте загрижени и спомнете си колку сте благословени. Можело да биде и многу полошо.

4. Не е прашањето што ти се случува туку како реагираш на она што ти се случува. Бројте ги убавите работи во животот, додека другите си ги бројат своите несреќи.

5. Кога се насмевнуваш на животот, го заживуваш  животот за кој вреди насмевката.

6. Среќата доаѓа полесно кога се чувствувате добро онакви какви што сте, без да имате потреба од нечие одобрување.

7. Чувајте ги добро луѓето по патот нагоре, бидејќи може да ги сретнете и на патот надолу.

8. Добрината не треба да се меша со слабост, ниту простувањето со прифаќање. Поентата е да знаеш дека навредата и негодувањата не се пат кон среќата.

9. Давајте што повеќе, но не дозволувајте да бидете искористени. Слушајте ги внимателно другите, но не го губете сопствениот глас.

10. Кажете ги работите кои има потреба да бидат кажани. Говорете ја својата вистина. Нема ништо потажно од тоа да пазите на зборовите кои никогаш не сте имале храброст да ги кажете.

11. Не можете да го промените начинот на кој луѓето се однесуваат со вас, ниту она што зборуваат за вас. Она што можете да го промените, е начинот на кој ќе реагирате, и изборот со кои луѓе ќе бидете.

12. Не може да имате позитивен живот во друштво на негативни луѓе.

13. Она што го дозволувате, ќе продолжи да се случува. Секогаш е подобро да поминувате повеќе време сами отколку со негативни луѓе.

14. Кога другите се однесуваат лошо со вас, заминете си, насмевнете се и продолжете да бидете свои. Не дозволувајте нечија иронија да го промени човекот кој сте.

15. Вашата вредност не се намалува поради неспособноста на некој да ве оцени. Загубата е нивна, не ваша.

Коментирај