Нимиц: Средбата Заев – Ципрас од историско значење

0
496

Во пресрет на посетата на Грција и Македонија, медијаторот Метју Нимиц се огласи во врска со средбата Заев Ципрас во Давос, јавува ТВ Алфа.

Во пресрет на посетата на Грција и Македонија, медијаторот Метју Нимиц се огласи во врска со средбата Заев Ципрас во Давос. Според медијаторот, таа била позитивна, важна и од историско значење. Според Нимиц, време да се интензивираат разговорите во врска со условите за еден конечен договор, со претпазливост на прашањата што беа истакнати од двајцата премиери.

За таа цел вели тој доаѓал во Атина и Скопје на разговори, за да се придвижи процесот. Верувам дека сега постои една динамика за изнаоѓање решение“, смета Нимиц.

Коментирај