„Никсон“ часовници за луѓе со разни стилови

0
315

Покрај специјалните колекции часовници, како што се оние со мотиви од научно-фантастичната сага „Војна  на ѕвездите“ или линијата „Санта Круз“, американскиот производител „Никсон“ нуди можност купувачите да нарачаат часовник како што им одговара, според големината, бојата и дополнителните мотиви.

Многубројните соработки со врвни спортисти и уметници, изродија безброј фантастични колекции од брендот, како што се – Fierce,  Cross Hatch, Café Racer, Concrete Canyon, Pendleton, RSVP, Manuka и Poisoned Ivy.

Изборот е голем – традиционални, класични, модерни, ретро, спортски, футуристички, екстравагантни модели наменети за т.н. милениумска генерација – луѓе родени кон крајот на вториот милениум, но и за останатите.

„Никсон“ часовниците се изработуваат во САД, Швајцарија и Јапонија.

Извор: cooltura.mk

Коментирај