Никовски: Ако има предвремени парламентарни избори, СДСМ катастрофално ќе изгуби

0
345

Мислам дека нема теоретска шанса власта да прифати предвремени парламентарни избори бидејќи ќе ги изгуби и тоа на еден катастрофален начин, а мора да има такви избори апсолутно, бидејќи се што е направено за нивниот мандат, особено околу овие капитулантски договори со Грција и Бугарија не беа во нивните предизборни ветувања, смета македонскиот дипломат и колумнист Ристо Никовски.

Тој во гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија додаде дека секоја партија има обврска да ја исполни изборната програма или ветувањата кои што ги дале на граѓаните, но надвор од тие ветувања како што направиле СДСМ и Заев, додавајќи дека тоа што СДСМ го направила е неоправдано.

Според него СДСМ мора да излезе на избори за да одлучат граѓаните дали СДСМ има поддршка и легитимитет од страна на народот.


Никовски: Договорите кој ги потпиша СДСМ со Бугарија и Грција се капитулација за Република Македонија

Колумна на Ристо Никовски: ИЗБРИШАНИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ СМЕАТ ДА ВОСКРЕСНАТ ВО НОВИОТ ПОПИС

Никовски: Историски срам се тешките измами на нашите капитуланти дека Грција прифатила дека сме Македонци

 

 

Коментирај