Николоски: Заев, Шекеринска и Спасовски не ја ни кријат желбата за одмазда за 27 април – се води брутален политички прогон

0
542

Власта убаво зборува, но реалноста во Република Македонија е сосема поинаква, реалноста е брутален политички прогон против претставници на ВМРО-ДПМНЕ, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој вечерва учестввуа во ТВ дебатата „Акцент“ на МТВ заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

За настаните на 27 април Николоски вели дека има неколку работи кои се јасни.

-Одредени луѓе од СДСМ не ја ни кријат желбата за одмазда. Факт е дека на 27 април имаше немил настан, но факт е и дека имаше денови кои му претходеа на тој немил настан. Тој настан имаше претходница, а тоа е силување на демократијата. Второ се избра незаконски претседател на Собранието. Точно се таргетираше да биде избран во шест часот иако се знаеше дека има протести помеѓу 5 и 7 секој ден, вклучително и тој ден. Очигледно е дека сакаше да се испровоцира таму гневот и револтот на луѓето. Луѓето гневни и изреволтирани влегоа, факт е дека се случија инциденти. Жал ми е што се случија инциденти, а дискутабилно е дали вратата се отворила за некој да влезе или за нешто друго. Но, она што ми е уште повеќе жал е што гледам и кај Зав и кај Шекеринска и кај Спасовски и кај определен број луѓе желба да се одмаздат за оваа работа. Јас можам да разберам да се одмаздуваат обични луѓе, комшија на комшија или пријател на пријател, но луѓе кои водат највисоки државни институции да сакаат да се одмаздат, зборува за тоа колку мали луѓе се. Да бев на местото на Заев, ќе понудев амнестија, и оваа работа ќе завршеше, запто оваа тема ги поларизира луѓето на дневна основа.

Ако целта на СДСМ е да продолжи поларизацијата, ова е патот, а ние како опозиција соодветно ќе одговараме. Ако целта е помирување, тогаш треба да одиме по друг пат, рече Николоски.

Коментирај