Николоски: Заев се обидува да ја префрли вината на други, неговите мегафони го напаѓаат Претседателот Макрон и Франција

0
170

Поминува трета недела од одлуката на Европскиот Совет да не определи датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Заев се обидува да ја префрли вината на други, неговите мегафони го напаѓаат Претседателот Макрон и Франција.
Но вистината е една – Заев е виновен! Трета недела Заев не излегува со план како да ја поправи ситуацијата. На сите ни е јасно дека се потребни две работи – силни реформи во клучните области, особено владеењето на правото, како и раздвојувањето од групата со Албанија.
План за реформи нема, зашто ако го има Заев треба сам себе да се гони за криминал.
План и барање за раздвојување од Албанија нема зашто така му ветил на Рама!

Македонија тоне! Заев е виновен! Напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Коментирај