Николоски: Заев му враќа услуга на Рама со ставањето на Македонија во група со Албанија

0
210

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за дневникот на ТВ Алфа посочи дека со ставањето на Македонија во група со Албанија, Заев му враќа услуга на Рама.

-Има многу работи кои што за жал се заеднички во владеењето на Заев и на Еди Рама, прво тоа е корупцијата, а второто е криминалот, третото е марихуаната, има доста работи кои што ги спојуваат и на кои што ние се спротивставуваме и како ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија во Албанија, појасни Николоски.

Николоски истакна дека ќе се најсреќни ако Албанија е на исто ниво на развој како Македонија, или уште да е поуспешна бидејќи на Македонија и се потребни успешни соседи.

-Албанија тоне во корупција и Албанија има силни структурни проблеми внатре во државата. И да ја ставите Македонија со сите проблеми кои што и Македонија ги има, но сепак да ја ставите во група со Албанија или е тотален аматер или да имате договор како што има Заев со Рама, и заради тој договор мора да исплаќате концесија. Да ја потсетам македонската јавност Заев стана премиер заради Тиранската Платформа. Таа Тиранска Платформа ја направи Еди Рама. Ставањето на Македонија во група со Албанија, Заев му враќа услуга на Рама, многу е едноставно, додаде Николоски.

Коментирај