Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е најдобар партнер на Албанците во Македонија кои сакаат заеднички да ја градиме оваа држава

0
1008

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Фактор 24“ со Горазд Чомовски на ТВ 24 Вести. За време на интервјуто Чомовски третираше различни теми на кои не се задржа предолго и потемелно поради ограничувањето во време за разговорот со Николоски.

Новинарот во текот на интервјуто напати постави нејасни прашања кои беа на работ на нелогичноста и недокажаноста, како што е прашањето/констатацијата дека за време на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ училишта и улици биле двојазично именувани.

„Тоа е дел од овој мит кој што се создава, меѓу неколкуте митови кои што се создаваат за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е обидот да се портретира ВМРО-ДПМНЕ како антиалбанска партија.“ вели Николоски и продолжува:

„ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците во Република Македонија, напротив доколку сакаат заеднички да ја градиме Македонија е нивни најдобар партнер. Но исто така ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи да работи на штета на Уставот и законите во Република Македонија и на штета на Македонците и другите етнички заедници во Република Македонија.“

Коментирај