Николоски: „Рекет“ е операција која не може да ја завршат еден или двајца луѓе, таа е осмислена од врвот на СДСМ

0
201

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше во посета на Раштак од каде на верниците од православна вероисповед им го честиташе верскиот празник Пресвета Богородица.

Би сакал на сите верници од православна вероисповед да им го честитам овој голем празник Голема Богородица. На секаде низ Македонија масовно се прославува народот одржува една силна традиција. Денес сме тука во Раштак заедно со месните жители и со сето население од целата околина и околните села да го прославиме празникот. Им посакувам на сите верници добро здравје, бериќет и како што гледате во добра атмосвера ќе се подружиме со луѓето, истакна тој.

Николоски одгововарајќи на новинарско прашање го коментираше и случајот „Рекет“ кој како што подвлече, е најголемиот корупциски сандал кој Македонија во видела и според него не може да го организираа еден или двајца луѓе.

Oва е најголемиот корупциски скандал кој Македонија го видела. Јас малце испитував, нити во Македонија нити во регионот досега не сме виделе на видео или на слика торба полна со пари. Тоа првпат се случува во историјата на Македонија и на регионот што само говори за колкави размери на корупција зборуваме. Во исто време некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани и изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не може да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ координирана лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа е потребна и кривична но и политичка одговорност. Кривична не може да остане на овие тројца сега мора да се прошири да бидат опфатени сите, а политичка значи оставка на владата час поскоро и организација на брзи предвремени избори кои што ќе ја ослободат Македонија од корупцијата, а на судството и обвинителството ќе дадат можност да работат независно за да можат транспарентно да го откријат секој што бил инволвиран во овој скандал затоа што овој скандал ја поткопува Македонија. Никој веќе не сака да инвестира во Македонија бизнисмените се плашат затоа што им е страв дека некој моќник од власта пак ќе ги побара и ќе им побара мито односно рекет, вели Николоски.

Коментирај