Никола Тесла: Со светот владеат вонсетилни метафизички идеи

0
507

Еве еден карактеристичен цитат од тајните списи на најголемиот српски езотерик – Тео Бегемот, кои сите ставови ги формулирал како драма за Никола Тесла, за интерни потреби на Санг – Мунг братството од Вавилон, како и останати тајни азијски братства, како што се Белиот Лотос, Црвениот Тонг и Јапонскиот Зелен Змеј.

Nikola-Tesla

(овој разговор е преведен на Санскрит, на Мандарин и на Кинески и овде се открива за прв пат)

Илуминат почетник – Што е за Вас најголемата лична моќ?

Никола Тесла – Прва е моќта која чувството на бесмисленост го претвора во креативност, а втора е моќта која овозможува да се живее без било какви друштвени амбиции. Не знам дали некој успеал во тоа. Прочуените светци и пророци имале потреба за масовно признавање од нивните следбеници. Да не било така, немаше ни да знаеме за нив. Но, најголемите мудреци на оваа цивилизација останале потполно анонимни. Тие се луѓето кои низ целата историја ја имале вистинската моќ.

Илуминат почетник – Вашиот пријател Џон П. Морган е спротивен пример. Тој е јавна личност која била семоќна!

Никола Тесла – Сешто. Морган беше потрчко на Ротшилд, најобичен менаџер на Ротшилдовиот капитал. Целиот живот го помина под строга присмотра, на краток ланец. Можеа да го отпуштат кога сакаа. Во еден период се обидував да го наговорам да го раскине тој понижувачки однос и да премине на мојата страна. Неговата генијалност во организирањето, заедно со мојата технологија на идната научна свест, можеа да ја трансформираат цивилизацијата на Земјата уште тогаш. Но, Морган никогаш не ме сфати и ми рече да одам по ѓаволите, на што му одговорив дека доаѓам од кај ѓаволите. Иако останавме пријатели, тоа беше крајот на нашата соработка. Набрзо тој почина.

Илуминат почетник – Па добро, тогаш Ротшилд е тој вистински моќник?

Никола Тесла – Сешто! Каде сте виделе економист да владее со светот? Со светот владеат вонсетилни метафизички идеи. Дали воопшто знаете како првиот Ротшилд го стекнал богатството?

Илуминат почетник – Тргувал, добро вложувал, штедел…тие пари се печалени со генерации.

Никола Тесла (одмавнува со раката) – Еден ден, уште во 18от век, во малата франкфуртска менувачница на пари во сопственост на Мајер Амшел Ротшилд влегол за него потполно непознат постар човек со сиви очи и остар поглед, и му рекол “Ти си ни потребен. Те следиме многу долг период. Не прашувај кој сум, ниту од каде доаѓам. Ако го направиш она што ќе ти го зададам, кога ќе дојде времето ќе дознаеш сè што ти е потребно да го знаеш. Оди во Египет. Еве ти мапа. Копај на обележаното место.” Непознатиот излегол без поздрав. (кратка пауза) Четири долги каравани му биле потребни на овој Ротшилд за да го донесе целото злато од Египет. Од тогаш, семејството Ротшилд се обични кукли прикачени на невидливи конци.

Илуминат почетник – Чии?

Никола Тесла – Прашањето не ви е добро. Конците за кои што ви зборувам се идеите на надчовечката свест. А човечките битија на кои што целите се само посредници, кои окултистите од пониските нивоа ги нарекуваат Илуминати. (подолго молчење)

Илуминат почетник – Господине Тесла, дали научниците треба да управуваат со Светот?

Никола Тесла – Смислата на науката не е во власта, туку во спознавањето кое ги прави луѓето свесни, подобри и така го олеснува вечниот живот. Оние кои што од науката се обидуваат да направат алатка за владеење се непријатели на човештвото и во суштина – наивни.

Илуминат почетник – Но, некој мора да владее со Светот!

Никола Тесла – Ќе помислам дека се преправате дека не ме разбирате. Говорам за Светска влада заснована на телепатска комуникација меѓу неколку центри на универзална моќ, составени од личности кои уживаат во анонимната способност да ја предводат судбината на светот, остварувајќи ги законите на Вселената, поради што и се непобедливи. Би било добро тоа да се личности кои во духовната наука гледаат можност преку која човечката глупост може да се направи безопасна. Во таа задача успеав потполно и остана само човештвото тоа да го сфати и примени. Во тек е скок на човечкиот вид на толку високо ниво на заедничка свест, за кое до сега неможеше ни да се сонува…

knjiga

превод од српски – ЛОЗА

Почитувани читатели, книгата “Tesla Evolucija Svesti Čovečanstva” можете да ја порачате на e-mail: [email protected]

Коментирај