Ние не одбравме да ги бојосуваме зградите, да ги кршиме просториите на претседателот и Владата

0
216

И тоа покрај тоа што можеби ВМРО-ДПМНЕ, губеше политички во одредени сегменти, сепак одлучи да ја поведе Македонија напред и да ја поведе Македонија да биде дел од европското семејство. Oва во вечерашното интервју за ТВ Клан го изјави Христијан Мицкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, за која иднината на државата е пред сè и над сè.

Ќе ве потсетам, ние не одбравме да шетаме, да го бојадосуваме зградите, да ги кршиме просториите на претседателот на државата, на Владата на Република Македонија, рече Мицксоки.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека сè прави партијата е за државата, зошто единствен пат за Македонија е европската перспектива.

Нема алтернатива, нема друга алтернатива за Македонија тоа е единствена алтернатива, рече Мицкоски.

Извор:република.мк

Коментирај