Ни ракомет, ни фудбал: МТВ остана без Лига на шампиони!

0
457

По неколкудневни шпекулации дека Македонската радио телевизија нема да врши преноси од најдобриот европски ракомет и фудбал, сега и официјално стигна потврда за тоа. Уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски ја потврдил информацијата за порталот „Off.net“.

„МРТ и за наредниот тригодишен период (2018-2021) достави исклучително висока понуда до Тим Маркетинг, компанијата преку којашто УЕФА ги продава ТВ правата за фудбалската Лига на шампионите и за Лига Европа. Сумата којашто во моментов е незамислива за некоја од комерцијалните ТВ куќи во земјава да ги откупи правата за ексклузивното натпреварување, сепак, не беше доволна за МТВ да обезбеди ексклузивитетот како и во периодот од 2012 до 2018 година“, изјави Николовски, пренесува „Off.net“.

Извор: sportski.mk

Коментирај