Невреме во Хрватска: 20.000 молњи кај Истра, Загреб поплавен (ВИДЕО)

0
872

За само два часа невремето од Италија се прошири на северниот Јадран и Горски котар, а самона морето кај Истра биле забележани 20.000 молњи.

Облаци со грмежи се движат кон поширокото крајбрежно подрачје, па затоа во Хрватска се очекува вистинско невреме кое доаѓа од запад, јави порталот Истрамет.

За целата земја е издаден жолт метео-аларм за предупредување кој означува состојба на готовност на потенцијалните опасности кои ги носи невремето.

Силно невреме и ветришта во попладневните часови го зафатија и Загреб, а одделни делови од градот се поплавени.

Обилни дождови го зафатија и Задар и пошироката околина. Невремето ги погоди Истра и Кварнер. Невремето било особено силно во Ровињ, а во Водњан надојдената вода ги поплавила улиците.

Невреме во Хрватска се очекува и утре, особено на Јадранот, а постои опасност од локални поплави.

Коментирај