Невреме беснее во Скопје – Илинденска блокирана поради паднато дрво

0
300

Попладнево во Скопје започна силно невреме, кое веднаш почна да предизвикува штети. Имено низ градот има неколку паднати дрва кои го успоруваат сообраќајот, а Илинденска е целосно блокирана.

Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.  Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена, а УВ зрачењето седум.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре  ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но оти условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Потоа, во првите два дена од следната недела, времето ќе биде претежно стабилно и топло

Коментирај