Невработеноста во Македонија трипати повисока отколку во ЕУ

0
191

Во последниот извештај на Еуростат се покажува дека во Македонија невработеноста е три пати повисока од, невработеноста во земјите членки на Европската унија.

Во земјава процентот на луѓе без работа е 17,8 проценти, додека просекот во земјите членки на ЕУ е 6,3 отсто.

Според податоците на Еуростат во Унијата, најмалку невработени лица има во Чешка, односно невработеноста во оваа европска земја е 1,9 проценти. Најголемиот процент на невработеност во Унијата е кај балканска земја, Грција „води“ со 17,6 проценти невработеност.

Македонија во споредба со земјите од Западен Балкан, подобро стои од БиХ и Косово кои имаат највисоки стапки на невработеност. Најмал процент на невработеност има во Албанија и Србија.

СподелиShare on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone
categories: економијаознаки: еу, македонија, невработеност, еуростат.

Извор:Република.мк

Коментирај