Невозможно е да се ослободите од ова чувство, а кај мажите е поизразено

0
158

Од Хемфри Богарт до Џејсон Стетам, мажите се претставени како стоици, агресивни, сексуално потентни – со еден збор, доминираат. Томас Харбин, клинички психолог и невропсихолог, тврди дека мажите поинаку го изразуваат бесот од жените, а помалку се подготвени да се соочат и да се носат со своите чувства.

Тој во својата книга „Машкиот бес: Од бес до подобри односи”, вели дека се додека мажите држат во своите раце поголем дел од социјалната и економската моќ, гневните мажи ќе им прават проблеми на сите други. Како клинички психолог кој специјализира за третман на бесни мажи, тој видел дека многу од неговите клиенти се без работа, сопруги и животни прилики, бидејќи едноставно не биле способни да се справат со нормалните фрустрации и разочарувања во животот. Тие се расправаат, навредуваат и викаат.

„Кој морон не знае какво е чувството на бес?”, можеби се прашувате. Не заборавајте дека многу мажи, всушност, не се свесни дека она што тие го чувствуваат е гнев. Можеби тие се чувствуваат лошо, понекогаш не можат да кажат нешто подредено околу тоа.

Првото нешто што Харбин ве учи е дека лутината или бесот е емоција, како и секоја друга: не е ниту лоша ниту добра.

Невозможна е задачата целосно да се ослободите од бесот, бидејќи сите емоции имаат прво место во животот.

Тој може да биде корисно, покренува на акција. Тој ви помага да ги завршите работите, а причината за тоа е енергијата што ја дава. Може да  почувствуваат неверојатен наплив на адреналинот, помали се шансите тогаш да чувствувате болка, се делува како да станувате посилни.

Оваа богата енергија може да се користи конструктивно, вели Харбин, или може да се користи деструктивно. Кога нешто ќе ве разгневи, можете да одлучите да го уништите изворот на бес – и сè друго што случајно ќе се најде на пат – или можете позитивно да ја искористите енергијата за да ја смените ситуацијата во која сте се нашле.

Се случуваат и когнитивни промени: гневните мажи имаат тенденција да ја зголемат заканата што ја чувствуваат, да видат опасност која другите не ја гледаат. Кога се лути, мажите исто така ја губат можноста да размислуваат рационално.

Од Хамфри Богарт до Џејсон Стетам, мажите се претставени како стоици, агресивни, сексуално потентни – со еден збор, доминираат.

Тие разбиваат, жените губат здив штом ќе ги видат. Во порнографски филмови, овој модел се повторува, потсетува Харбин.

Коментирај