Неверството не мора да значи и крај на врската

0
72

Една од најчестите причини за распад на една врска е невесрство на другиот партнер. Најчестата причина за тоа фактот дека не можат да простат и да се помират со неверството.

Не толку со самиот чин, колку со лагите кои траеле долг период.

Се случува на различен начин, во различни ситуации, на работа, на излегување, преку социјални мрежи…

Без разлика како се случило, самиот чин на дознавање е нешто кое никој не може да го заборави. Тоа е момент на неверување, очај, гнев и разочарување.

Неодамнешно истражување на US Journal of Marital and Family Therapy покажа дека 57 % од мажите и 54% од жените признале дека изневериле барем еднаш во животот.

После првиот бран расправии, следува прашањето на оној кој е изневерен:

ДАЛИ ДА ОСТАНАМ ИЛИ ДА СИ ЗАМИНАМ?

Настрана од тоа дека сте се заколнале дека никогаш нема да останете во врска во личност која ќе ве изневери, сфаќате дека се уште сте заљубени во партнерот. Тој/таа ги признава грешките и сака да остане со вас. Ветува дека никогаш повеќе нема да се повтори истото, вие ја гледате неговата искреност и почнувате да размислувате.

Но, што потоа? Кој е следниот чекор, како  да продолжите понатаму после таква катастрофа?

Првата работа што треба да ја направите е да зборувате за тоа. Вие имате многу прашања и имате право на одговори кои партнерот мора да ги каже. Мора да ја дознаете целата вистина колку и да е болна. Само така ќе продолжите понатаму.

Потоа, работете и двајцата на врската. Сметајте дека сте на почеток повторно, иако веќе добро се познавате. Ако не можете самите да го надминете проблемот, побарајте помош од професионалец. Кај нас луѓето немаат навика да се гледаат со психијатар, но ако сакате да успеете пак, пробајте.

Ќе има период кога ќе сакате да одмаздите со иста мера, но тоа најлошата идеја која може да ја реализирате.

Запомнете дека лекувањето на врската, на вас двајца како личности е процес кој долго трае. Ништо не може да се смени за кратко време.

Да, вие бевте изневерени, но не значи дека врската мора да заврши. Ако дадете шанса, можеби тоа ќе стане една од наубвите љубовни приказни кои некогаш се случиле.

www.hybread.mk

Коментирај