ВИДЕО: Еве како новите роботи склопуваат столче од “Икеа”

0
1737

Познато ви е чувството кога отворите кутија со спакувано парче мебел во која стои лист хартија како неразбирливо упатство за склопување и не знаете што со него? Составувањето на ваквите парчиња за многу од нас претставува ултимативен тест за трпение вештина.

За таа цел на помош доаѓа новиот робот кој може да состави столче од „Икеа“ за само неколку минути.

Роботот беше развиен од страна на неколку научници од технолошкиот факултет во Сингапур – „Nanyang“. За својот проект за развој на прецизен роботски систем одбрале парче мебел од Икеа.

Програмирањето на роботот, направен од рака, фаќалки, сензори и 3Д камери траело три години, за на крај роботот да го постигне невозможното. Имено, овој робот може да го состави древниот стол на „Икеа“ за 8 минути и 55 секунди.

Иако на прв поглед делува тривијално, ваквиот вид на задачи за роботите сеуште е доста тежок, бидејќи вклучува голем број вештини: препознавање на парчињата, прецизна манипулација со деловите, планирање и координација на движењето, прецизен вид и тактилна чувствителност за да се избегне кршење на составните делови.

Целта на ова истражување, првично објавено во списанието Science Robotics е да се испита дали роботските системи кои веќе се присутни на пазарот можат да се прилагодат за извршување на ваков вид комплексни задачи.

Експертите за вештачка интелигенција засега ќе продолжат да работат на унапредување на способностите на роботите, бидејќи засега роботот може да склопува само столчиња.

Извор: еНаука.мк

Видео: Youtube Science

Коментирај