Неверојатните брачни ритуали на животните (ВИДЕО)

0
679

Танцот на фламингото се извршува благодатно и во целосна синхронизација од целото јато. Машките и женските се движат цврсто притиснати, а глетката е навистина неверојатна. Биолозите сметаат дека така фламингото го наоѓа својот вистински партнер за создавање на поколение. Притоа посветло розовите секогаш имаат предност.

Пред да пристапат кон секс, морските коњчиња некое време излегуваат на состаноци. Двојката се среќава секое утро за интимен танц во кој пливаат заедно, си ги прилепуваат опашките и грациозно се поклонуваат меѓусебно. Сето ова изгледа прилично романтично. Изненадувањето доаѓа кога женската одлучи да помине на следното ниво. Тогаш таа ги исфрла јајцата во стомакот на машкото коњче. Да, тој забременува. Кога ќе ги има малите, ги остава да се грижат за себе и е подготвен за танц со следната дама.

Албатросите живеат долго, над 50 години. Нивниот љубовен живот има неколку импресивни карактеристики. Прво, тие се моногамни. Двојката останува заедно по сексот и сложно ги одгледува малите, што е голема реткост кај животните. Пред да пристапат кон создавање на поколение, албатросите исполнуваат комплексен и малку глупав ритуал кој биолозите го нарекуваат танц …

Коментирај