Неверојатната Гоа (ВИДЕО)

0
520

Далечна, интересна, егзотична – нурнете длабоко во убавата Индија. Следното видео ќе ве однесе во Гоа – најмалата држава во Индија. Почувствувајте ја слободата, мирот и блаженството во оваа прекрасна земја. Гоа е сојузна држава во Индија. Се наоѓа на западниот брег на Индија на Арапското море во т.н. подрачје Конкан, а се граничи со Махараштра на север и Карнатака на исток и југ. Панаџи е главен град, а најголем е Васко де Гама. Португалските трговци најпрво дошле во Гоа во XV век и брзо си основале колонија, која траела 450 години, сè до 1961, кога повторно станала дел од Индија. Гоа е меѓународно позната по прекрасните плажи, па ја посетуваат илјадници домажни и странски туристи. Погледнете го видеото:

 

Коментирај