Неверојатна баба: Има 97 години, го преживеала Холокаустот и пее во хеви-метал бенд

0
455

Инџ Гинсберг(97), еврејка родена во Авсрија го има преживеано холокаустот. По професија е новинаркна и писател, но во текот на последните неколку години се издвојува како пејачка на дет-метал бендот „Инџ енд ТритонКингс“.

baba

Дет метал е ектремен жанр на хеви-металот кој се развил од треш-металот во втората половина на осумдесетите.

Мојот најголем талент не е пеењето, туку преживувањето. Стигнав во Швајцарија како бегалец во 1942 година, а потоа ја чував шпиунската вила на тајната служба на Америка. Најважно е да останете активни и да сте опкружени со млади луѓе и да пробувате работи кои не сте ги правеле порано- изјавила Инџ, настапувајќи на швајцарскиот „Јас имам талент“.

Откако завршила војната Инџ се омажила за музичкиот композитор Ото Колман и некое време работела во Холивуд, но по кратко го напуштила бизнисот велејќи дека таму се е лажно.

Извор:republika.mk

Коментирај