„Нетпрес“: Никола Димитров „тежи” над 800.000 евра, а за школување на ќерка му плаќа државата

0
539

ГРАЃАНИТЕ ОСИРОМАШУВААТ, НО ЌЕ ГО ПЛАЌААТ ШКОЛУВАЊЕТО НА ШЕФОТ НА ДИПЛОМАТИЈАТА

Според неодамнешното истражување на ресурсот pep.scoop.mk, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, инаку потписник на договорот со Грција со кој ќе биде променето уставното име на земјата, со имот проценет на 800.000 евра е меѓу шесте најбогати министри во Владата, но во јавноста се’ уште се свежи впечатоците дека државата ќе го плаќа школувањето на неговата ќерка во странство, пишува порталот „Нетпрес“.

Ќерката на Никола Димитров минатата година добила 40.000 евра стипендија од државата за да студира на универзитетот во Утрехт, Холандија, а министерот тогаш објави дека е „згрозен“ од јавното изложување на неговата ќерка Јана Димитрова, затоа што успеала да се запише на еден од најдобрите универзитети и повика ударите за неговиот политички ангажман да ги упатат кон него.

Имено, на 4-ти август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори кога настапува и забраната за исплата на буџетски средства според член 8-а од Изборниот законик, тогашната министерка за образование Рената Дескоска, формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.

Освен школарина за Универзитетот во Утрехт, стипендијата на Јана Димитрова покрива и авионски билети до Холандија и од Холандија кон Македонија, на почетокот и на крајот на секоја студиска година. Стипендијата исто така го покрива и сместувањето за Димитрова, која веќе има сопствен дом во Холандија, каде што живее нејзиното семејство.

Министерот Никола Димитров пријавил дека има стан во Скопје вреден 89.431 евра, едно моторно возило „мерцедес Б180 2011/2011“ вредно 13.008 евра, месечна кирија од околу 500 евра, две девизни книшки од 6.144 односно 10.888 евра.

Добива и надоместок од 1.789 евра за побарување по основ на извршена работа.

Заедно со сопругата имаат стан во Хаг, Холандија вреден 315.973 евра, две девизни штедни книшки од 13.984,  односно 56.675 евра и кредит од 280.865 евра.

Како имот на неговите деца е пријавен еден стан во Скопје вреден 40.650 евра.

Вредноста на имотниот лист на Никола Димитров изнесува 829.908 евра и е пресметана од податоците објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Така се поставува прашањето дали министерот Димитров, ја избегнал транспарентноста и намерно ги прикрил овие 40.000 долари стипендија за неговата ќерка, па ги нема пријавено како дел од приходот на неговото семејство во Антикорупциската комисија, иако од анкетниот лист се гледа дека еден од неговите три стана му е пријавен токму како имот во сопственост на неговите деца?, додава порталот.

Покрај, тоа мора да се истакне дека и функционер кој располага со имот кој за македонски услови се смета сосема примерен, си дозволува најверојатно користејќи ја политичката позиција од средствата на жителите на Македонија да си ја школува ќерка си додека 460.000 граѓани секојдневно гладуваат. Според најновите информации на Државниот завод за статистика и според податоците, истата година кога Јана Димитрова ја добила стипендијата, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија била во пораст и изнесувала 22,2 отсто.

Извор: Нетпрес.мк


Владата ја почести ќерката на министерот Димитров со 40.000 долари стипендија?!

Коментирај