Несудениот нобеловец: Алхемичарот од Муртино

0
765

Референдумот помина – енигмата остана: Ќе помине ли Преспанскиот договор и покрај тоа што не помина кај македонскиот народ? Прва опција е понудата на непристоен предлог? СДС веќе го најави. Наводно, со „одредени“ пратенеци од опозицијата во парламентот! Само што, како што е општо познато, домашниот есап и оној на пазар никогаш не се поклопуваат. Затоа и есапот од Бихаќка е едно, оној од Собранието – сосема друго.

zajko

Во меѓувреме премиерот се израдува и понадева дека ќе добие и една друга награда! Нобелова и тоа за мир! Така барем се лиферуваа вести во јавноста, небаре е во прашање Оскар. Арно ама денес стигна соочувањето со реалноста, кое исто како и она од 30-ти септември е – разочарувачко! Нобеловата награда за мир замина во други раце. Кај борците против военото силување: Наида Мурад и Др. Денис Муквеге!

Миротворецот од Муртино остана со празни раце. Арно ама како што вонредните парламентарни избори по скратена постапка по негов терк му се план Б за протнување на „преспанскиот план“, може да мисли и да смисли алтернатива и за испуштениот „Нобел“!

zz

Што да не? Па затоа сме тука да му помогнеме на премиерот со плурализам на идеи. Ако не Нобелова награда за мир, тогаш сто 100% може да добие Нобелова награда за алхемија. И да не се доделува, ќе  предложиме да ја воведат! Освен тоа, таму конкуренцијата е далеку помала или поточно никаква. Нема 331 кандидат како кај оваа за мир! Има само еден и единствен – ТОЈ – македонскиот премиер. Алхемичарот од Муртино – лично!

zaev-saka-da-se-spasi

Делото за кое ќе треба да го наградат е познато, можеби тешко изводливо, ама според него не и неостварливо?! До душа со сесрдна помош и поддршка на комшиите од југот, меѓународната заедница и внатрешните пријатели.

zz1

Насловот на трудот: „Избришани без гумичка“

Превод на англиски: „Autodelete“

Место на подготовка: Скопје и Атина

Место на презентација:  с.Нивици, Преспа –  отаде јужната граница

Ментори: Ф.Могерини, Џ. Бејли, Ј. Хан, Ј. Столтенберг…

Олеснувач: М. Нимиц

Асистент: Никола Димитров

Рецензенти: А. Ципрас и Н. Коѕијас

Тема: Трансформација на нација

Содржина: Како масата да ја претопиш без да биде свесна за губењето на својата содржина, суштина и својства, и при тоа да добиеш нова, со сосема ново име, која ќе ја убедиш дека е истата онаа – старата. Секако, без бурна реакција одвнатре!

dogovor-grcija-prespa-vratovrska

Годинава Нобеловата награда за мир на „алхемичарот од Муртино“ можеби му избега пред нос… Ама затоа несудениот нобеловец  „вредно и посветено“ работи за да ја добие догодина… За алхемиска трансформација на македонската нација!

Извор: Курир.мк

Коментирај