Нешковски: СДСМ немаат став и ја покажаа дволичноста спрема граѓаните во Кавадарци

0
120

Сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница на Советот на Општина Кавадарци по предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата поднесовме предлог за дополнителна точка на дневен ред и тоа – Предлог одлука за изменување и дополнување на одлуката за висината на цените за собирање и транспортирање на комунален отпад во општина Кавадарци, каде што бараме да се поништи претходната одлука и да се врати сумата од 2 денари на метар квадратен за затворен простор на 1, 1 денар, истакна Тони Нешковски, советник во Советот на општина Кавадарци.

-По предлогот на оваа точка следеше гласање каде што советничката група предводена од СДСМ заедно со нивната коалиција гласаше против и оваа точка не се стави на дневен ред. Со ова само се гледа колку оваа политичка партија односно СДСМ немаат став и ја покажаа дволичноста спрема граѓаните во град Кавадарци, додаде Нешковски.

Коментирај