Неработен ден во Влада, циркус пред Влада?

0
506

Црвен тепих, свечени столици, знамиња, војници, гарда пред зградата на Владата денеска. Вработените се надвор и ги „надгледуваат“ работите. Нема поважна работа од ова утре. Минувачите, кои љубопитно ѕиркаат, се прашуваат каков настан е во тек.

Всушност, се работи за генерална проба пред утрешното поставување на знамето на НАТО на влезот на владината зграда.
Подготвителни активности на платото пред Владата за церемонијата на подигнување на знамето на НАТО пред Владата, објаснуваат од Владата.

На генералната проба пред Влада има повеќе луѓе отколку што во било кој работен ден можете да затекнете внатре во Влада. Минувачите збунето прашуваат што се случува. Генералната проба вклучува и редење на столици, кои веројатно попладне ќе бидат отсранети, а утре повторно редени. Или поинаку кажано – циркус пред Влада

На свечениот пречек на натовото знаме се работи од рано наутро, кога беа од владината фасада беше отстранет натписот „Владата на Република Македонија“.

Извор:Република

Коментирај