Непромислениот потег скапо ќе го плати: Навивачот на Лион добива доживотна забрана! (ФОТО)

0
114

Фудбалскиот клуб Лион соопшти денес дека со доживотна суспензија ќе го казни својот навивачи кој изведе нацистички поздрав во текот на натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Гестикулацијата се гледа на снимката која се појави на друштвените мрежи и поради тоа привлече жестоки критики. Управата на Лион соопшти дека е запознаена со случајот и дека работи на идентификација на навивачот.

„Во моментот кога ќе го идентификуваме ќе добие доживотна забрана“ се наведува во соопштението од Лион кое го пренесуваа британските медиуми.

Лион во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите направи изненадување и го совлада фаворитот Манчестер Сити во првиот натпревар од групата „Ф“ (1:2).

Извор: sportski.mk

Коментирај