Непријатни моменти кои сите ние сме ги доживеале

0
726

Многу често во секојдневниот живот сме се нашле во непријатни ситуации. Следен пат кога ќе ви се случи такво нешто, сетете се дека не сте единствени и погледнете ја ситуацијата од нејзината забавна страна 🙂 .

Еве некои непријатни моменти, кои ни се познати на сите нас:

1. Кога ќе паднеме на улица и исплашени гледаме дали некој друг не видел.

2. Лажната насмевка кога ќе добиеме подарок што не ни се допаѓа.

3. Кога треба да објасниме смешен виц кој сме го кажале.

4. Кога ќе сфатиме дека одиме во погрешна насока и се обидуваме да тргнеме назад по испаничено неврзан начин.

5. Кога ненамерно ќе допреме некого во преполн градски транспорт.

6. Молчењето во лифт заедно со сосед, кого не го познаваме добро.

7. Кога гледаме филм со роднини и во него има секс сцена.

8. Кога се разминуваме со пријател од Facebook, со кого не сме блиски, и се прашуваме дали да го поздравиме.

9. Кога повторно и повторно не можеме да слушнеме нешто, иако ни било повторено неколку пати, и конечно само се насмевнуваме и кимнуваме со главата во знак на одобрување.

10. Кога во канцеларијата е тивко, а стомакот на некого ќе почне да кркори.

Коментирај