„Неприфатливо е при вакви скандали да се унапреди Катица Јанева“

0
597

-Според предлогот на СДСМ, Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева треба да биде унапреден во Републички јавен обвинител имајќи предвид дека Катица Јанева во СЈО дојде од Основно обвинителство што значи дека треба да биде унапредена во две скали, а останатите обвинители кои што дојдоа од други обвинителства треба со закон, повторувам со закон каков што нема во ниту еден случај во Светот да бидат превземени од новото обвинителство за гонење на криминал и висока корупција. Тоа е грубо кршење на законот се уште повторувам важечкиот закон за СЈО кој што предвидува по престанот на мандатот сите обвинители кои што се дел од СЈО треба да се вратат во матичните обвинителства, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како што подвлече Мицкоски предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите обвинители согласно законот на СЈО да се вратат во матичните обвинителства после престанокот на мандатот, детална истрага за срамниот случај Рекет, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација и врска со двајца осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста шпекулира дека се дел од врхушката на власт.

Извор:курир.мк

Коментирај