Нема пензија за 41 годишниот Буфон – ПСЖ е минато, а продолжува кај уште еден великан!

0
170

Џанлуиџи Буфон заврши со својата одисеја во ПСЖ и сега е на крстопат.

Легендарниот италијански голман, медиумите го враќаа во татковината, а многу клубови се споменуваа, од Парма преку Лацио до Џенова.

Сепак, од тоа нема ништо, тврди “Тутоспорт”.

Реномирани медиуми велат дека Бафон заминува во Португалија во тимот на Порто!

Славниот португалски клуб бара голман бидејќи Икер Касиљас доживеа срцев удар и ќе мора да ја заврши кариерата, па така одлуката падна на 41-годишниот италијанец…

Коментирај