Нема друга држава каде власта наместо во борба против корупција води борба за заштита на криминалот

0
128

Вечерва бев на роденденот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. А Прилеп секогаш најверно се борел за слободата. Меѓу првите се кревал на пркост и отпор спрема неправдите, така било отсекогаш. Денес живееме во време кога не е проблем што системот лошо функционира, туку главен проблем е што систем воопшто нема.

mickoski2-640x427

А тој е атрофиран, ослабен до точка на недејствување затоа што криминалци го водат. Нема друга држава каде власта наместо во борба против корупција води борба за заштита на криминалот. И додека криминалниот октопод блеска, владата непропушта да удира по идентитетот, историјата, иднината, по џебот на граѓаните. Наша обврска е тоа да го промениме.

mickoski3-640x427

Прилеп е на нозе, Прилеп се крева против неправдите, и Прилеп ќе победи затоа што за Македонија се работи. Честит роденден ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, заеднички да се избориме за Обнова на Македонија – напша на својата фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

mickoski-3-640x427

Извор:република.мк

Коментирај