Нема да го препознаете: Интересна трансформација на славниот актер (ВИДЕО)

0
81

Џон Траволта само сакаше да се добие автограм, но оваа желба го доведе на бизарно патување што не може да заврши добро – ова накратко е содржината на новиот филм „Фанатик”, во кој 65-годишниот Траволта ја игра главната улога.

Неговиот карактер Mус е  целосно заслепен од акциската ѕвезда Хантер Данбар (кого го игра од 40-годишниот Девон Соу), а на патот до својот идол овој средовечен човек ништо нема да го запре, меѓу другото, од еден од папараците ја добива адресата на актерот и му се појави пред врата.

-Еј, не можеш да се појавиш само така на мојот приватен имот! Слушај, пријателе, јас не знам како ме најде, но никогаш веќе не сакам да те видам во оваа населба, му се закани Хантер, не знаејќи  што ќе му се случи по оваа неочекувана средба.

Трејлерот за филмот Fanatic е објавен овие денови, а Џон Траволта во него навистина изгледа непрепознатливо.

Ако се сеќавате на него како секси заводник во култниот „Брилијантин”, дефинитивно ќе го запознаете во потполно поинакво светло.

Филмот е во режија на Фред Дарст (48), а во американските кина ќе почне да се прикажува во август.

Извор: kurir.mk

Коментирај