Неколку трикови за совршен WiFi сигнал во домот

0
403

Кој не би сакал да има постојано совршена Wifi мрежа, која во ниеден момент не запира или го намалува сигналот? Квалитетот на сигналот зависи од неколку различни фактори. Доколку знаеме на што треба да обрнеме внимание, со сигурност повеќе нема да имаме никакви проблеми.

wifi-router_2767756b

  1. Рутерот мора да биде поставен на централна локација

Многу често, рутерот го поставуваме онаму каде мислиме дека ќе ни зафаќа помалку место или пак едноставно таму ни прилега на распоредот во домот. ПОГРЕШНО! Најважниот елемент за добра мрежа е рутерот да биде поставен на централна позиција, некаде каде ќе биде еднакво блиску до сите простории во домот.

  1. Не поставувајте метални предмети во близина на рутерот

Металот дисперзира електромагнетска енергија, па затоа не е препорачливо во близина на рутерот да поставувате метални предмети.

  1. Чувајте го подалеку од микробрановата печка

Микробрановите печки работат на слична фреквенција како и рутерот, па затоа може да се случи сигналот на рутерот да заслабне доколку е вклучена печката.

  1. Поставете го на повисока позиција

WiFi рутерите емитираат радио бранови кои се шират во концентрични кругови во сите правци од својот извор. Поставување на рутерот повисоко ќе го загарантира поквалитетниот сигнал.

  1. Насочување на антената во посакуваниот правец

Антената на рутерот би требало да биде исправена нагоре, но доколку посакувате сигнал на катот над вас, треба да ја  поместите во хоризонтален превец, како би почнала да емитува вертикален сигнал.

Обидете се уште денес, можеби повеќе нема да се доведете во ситуација да останете без сигнал, особено во моменти кога очекувате некоја важна Viber порака.

www.hybread.mk

Коментирај