НЕДЕЛНА АСТРО ПРОГНОЗА: Што нè очекува од денес до 11-ти декември?

0
1271

Ајде да видиме до каде сме со планетите и што ќе бара од нас Универзумот следните пар денови (може и повеќе, зошто да не, секогаш давам прогнози за подолго, зошто врие на Небото, врие на Земјата, а врие и во мене, како и во сите вас).

Не би знаела уште на почетоков колкав период ќе опфатам, но знам од каде ќе почнам.
Месечината само што влезе во Водолија (на првиот степен е во моментов) каде што е и Марс (на 18-от степен). Јупитер прави тригон со овој Марс и со Месечината. Дури утре вечер Месечината ќе направи конјункција со малификот Марс. Бум.

Претходниве два дена додека Месечината беше во Јарец, сигурно многу нешта врзани со љубовните релации не одеа баш најлесно. Меркур сега е во Јарец, каде ќе биде уште долго, долго време и од каде ќе го активира кардиналниот крст- а тоа е промена на целата перспектива во наредните месец, два, особено во сите партнерски односи (независно дали се љубовни или бизнис). Многу преиспитувања. Навикнете се на тоа. Ќе потрае. Одиме подлабоко.

Утре ќе почувствувате потреба за напуштање на старите навики. Водолија е ова. Нема зезање со Водолијата. Големи одлуки доаѓаат во следните 5, 6, 7 дена драги мои. Најмилитарната планета ќе се сретне со најнежната. Марс и Месечината во Водолија. Многу слободоумност, прогресивни идеи, но и проблеми со фиксни навики, навики од минатото, кои тешко се откорнуваат.

На 7-ми Дек., Венера влегува во Водолија. Бум. И тоа токму на денот кога Марс и Уран го завршуваат нивниот динамичен, но и нестабилен секстил.

Венера во Водолија е хајлајт на оригиналноста, но и интелигенцијата. Многу бунтовнички песни ќе се најдат на нејзиниот албум за време на пловидбата низ Водолија. Таа во Водолија е авангарда. Малку потешко ќе ви биде на оние од вас кои не се навикнати на рутината на Венера, а тоа е „преку главата (умот) до срцето“.

Венера и Марс во Водолија имаат најголемите разузнавачи низ историјата на светот.

Со влегувањето на Венера во Водолија, вечерната планета на убавината се прилепува на Марс. Со самото нејзино наближување кон Марс, таа можеби ќе го модифицира преку додавање на малку пастелна боја врз црвената, огнена, жежка, сексипилна и воинствена планета Марс.

Обајцата ќе бидат неразделни еден од друг се до 4-ти Март, кога сериозно ќе се скараат (ама многу сериозно) и таа ќе му раскине и ќе замине ретроградно (назад) од Овен во Риби.

(за Венера Ретроградна пролет 2017-та ќе следи специјален текст).

На 9-ти Декември оппп мало олеснување. Сонцето од Стрелец, пред самата средба со Сатурн ќе направи секстил со Јупитер во Вага. Јупитер ќе ги ублажи острите, фрустрирачки прстени на моќниот Сатурн.

Сонцето и Јупитер ќе не потсетат што тоа треба да направиме, да подобриме, да усовршиме, за да го ублажиме или претвориме престојот на Сатурн во продуктивен, наместо во деструктивен процес.

Она што ја обележува оваа недела е Сонцето кое се подготвува за конјункција со Сатурн. Тоа ќе биде егзактно во вечерните часови на 10-ти Декември.

Ова е годишна редовна конјункција на Сонцето- најсветлата, најжешката планета, кралот на оптимизмот и светлината – БОГ-oт во Астрологијата, со Сатурн – најладната планета, планетата на структурата и суровата реалност- кралот на песимизмот, но и структурата (без структура, без скелет не можеме да се движиме). Бум.

Ова е еден годишен преглед (и тоа задолжително рентгенски), проверка, која ќе бара од нас и која ќе не истестира сите нас како на испит, колку добро се справивме со предизвиците на транзитот на Сатурн во Стрелец од раната есен 2015-та. (во Стрелец ќе биде до Декември 2017-та).

Ова е еден трезен аспект, освестувачки, но одличен аспект за долгорочни решенија или пак рефлексија на нас самите како единки.

Да се потсетиме, дека ова е последната конјункција на Сонцето и Сатурн во Стрелец во следните три децении.

Следниот пат, по една година, тие ќе се сретнат повторно, но во Јарец.

Поради тоа, оваа средба треба да се искористи да се донесат вистински решенија, со цел да се добие максимумот, најдоброто од она што би се нарекло историја.

На 11-ти Декември, откако Сонцето ќе се сретне со Сатурн во Стрелец за последен пат, Сонцето од Стрелец (оган, оптимизам, широкиот хоризонт, другите, правдата, религијата, променлив квалитет) ќе направи егзактен тригон со Уран во Овен (индивидуалецот, борбеноста, акцијата, амбицијата, егото, кардинален квалитет).

Додека контактите на Сонцето и Јупитер носат оптимизам, а контактите на Сонцето со Сатурн носат прагматизам, тригонот на Сонцето со Уран (биполарното тело, електрицитетот, револуционерот) носи инспирација, радост и широки перспективи.

#MoonStore
Извор: Unofficial: Astrology

Коментирај