Неделковски: МАКЕДОНИЈА немала своја државност над 23 века! Името и народот не умираат – Вечни се!

0
1887

МАКЕДОНИЈА немала своја државност над 23 века. На соседите, баварците и саксонците им формирале кралства пред помалку од 2 века. Ние држава имаме три децени. Плус каква-таква државност од 1945-та наваму, ама под строга супервизија од Белград.

Во современото време, последните 130-тина години, кога профункционирале штампарии, предходно библиотеки, а во 20-тиот век архиви, музеи и во најново време компјутери, МАКЕДОНЦИТЕ немале можност слободно да развиваат свои институции како што се архиви, музеи, депоа, институти и слично каде би можеле да го евидентираат и складираат своето НАЦИОНАЛНО историско наследство.
Спротивно од нас, сите соседи ја имале таа можност, па плус и со помош на странски фалсификатори на историјата, тоа здушно го правеле.

Се имале соседите – едно немале!Големо име немале. Ние ништо не сме имале – само едно сме имале! Големото име Македонија.

Тоа е толку големо име, а овој е толку голем народ, што архиви, печатници и библиотеки не му биле потребни за да не биде избришан. Тоа е толку големо име, а овој е толку голем народ, што ниту погроми од римјани, селџуци, татари, цигани од југ, арнаути од запад, или македонци од север што се самозалажуваат дека се срби – не успеале да го уништат народот. Анадолија ли е, Голи оток ли е, грчки зандани ли се – името и народот не умираат. Вечни се.

Вештачките народи и творби, грци и бугари, со касно палење установија дека досегашната тактика на негирање не успеала. Сега се со нова тактика, тактика на крадење. Не знаат они, ама и тоа нема да им успее. Им успева само да го потврдат и мултиплицираат својот огромен комплекс од нас МАКЕДОНЦИТЕ и од нашата МАКЕДОНИЈА.

Инаку, ако се неискомплексирани и ако се сигурни во себе…, ако бугарите се сигурни дека сме с’шти а грците дека се они македонци, тогаш што не си тераат без нервози, наметнати договори, присилби, ангажирање меѓународен фактор?!?!

Ама не! Знаат они дека ниту сме с’шти ниту се они МАКЕДОНЦИ, па затоа се пенават.

Цела да е…

Фејсбук објава на Миленко Неделковски

Коментирај