НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Од 22.5.2017 до 28.5.2017

0
465

Прочитајте си го неделниот хороскоп и дознајте каква ќе ви биде неделата

ОВЕН

Делувате многу енергично во ситуациите кога ги браните своите работни цели и интереси, но немате доволно концентрација да се посветите на детални анализа на случувањата. Постојат различни фази на можности во службените преговори. Важно е рационално да ги користите својата енергија и време. Непотребната расправа и задржувањето на непотребни детали може да ве одалечи од главните цели. Ви недостасува добар увид во работите со кои се занимава љубовниот партнер, бидејќи секој од вас е преокупиран со своите интересни сфери и планови. Комплиментите кои ги добивате од некој од страна ве наведуваат на погрешни очекувања. За жал, некој не може да ви го овозможи саканиот врв во емотивниот и страстен контакт.

БИК

Ве прати чувство на неизвесност во проценката на новите можности на работната сцена, но поребно е активно да учествувате во различни преговори. Не криете дека вашите очекувања се големи, меѓутоа забележувате дека соработниците често го менуваат своето мислење или ставови. Потпрете се на својот практичен дух и на способноста за аналитичко расудување. Иако вашиот љубовен однос не е претерано идиличен, тоа нема да ви пречи да се претставите во позитивно светло пред блиското опкружување. Ако смислено играте на картата на „емотивен ризик“, тогаш смислете и некоја резервна варијанта. Повремено мора да користите и некои свои „скриени адути“ во друштво на блиска личност.

БЛИЗНАЦИ

Благодарејќи на добрата вештина на преговарање и прилагодување успевате да се вклопите во различните работни договори. Имате добро претчувство кога треба да се преземе поголема акција и на основа на својата интуиција донесувате инсправна одлука. Во договор со соработниците на лесен начин може да ги остварите своите интереси. Проширете ги своите професионални интереси во различни правци на изразување. Кога вашите чувства и разум се во благ расчекор, тогаш се можни и погрешни проценки во поглед на љубовниот расплет. Негативната тензија која постои помеѓу вас  и саканиот(ата), треба да ве придвижи на нов импулс и љубовно зближување. Во свој типичен манир, направете се што е потребно да ја усреќите блиската личност.

РАК

Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во вистински момент и би ја подобриле својата позиција во однос на останатите соработници. Умеете да процените поволна ситуација и верувате во своето знаење или способности. Сепак, вашата блиц интелигенција и снаодливоста во настапот пред соработниците донесува само краткорочни ефекти. Важно е да употребите практично искуство и правилно да ги заштитите своите работни интереси. Во односот со саканиот(ата) понекогаш не е лесно да се согледа вистинската причина која доведува до чести недоразбирања или судири. Подобро е некои работи мудро да ги премолчите, отколку да заговарате дијалог кој води кон љубовно ривалство или распалување на ниски страсти. Пречувствително реагирате на различни ситници, потребно е да направите емотивна дистанца.

ЛАВ

Се обидувате да промените некои воспоставени правила кои владеат на работната сцена, но забележувате извесно негодување. Опкружувањето не е заинтересирано да ве поддржи во современите идеи за работење. Некој од соработниците претставува главна пречка во потполност да ги реализирате своите работно-финансиски намери во различни правци. Сепак, не дозволувајте тоа да влијае на вашето расудување или на креативното расположение. Ве радуваат нови случувања кои битно го менуваат вашиот однос со саканиот(ата). Доволно сте снаодливи да остварите различни емотивни контакти и искуства, но не сакате да се наоѓате на мета на нечие испитување. Важно е да го разубавите својот однос во она мерка која одговара на заедничките афинитети и потреби.

ДЕВИЦА

Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своите сознајни погледи. Различни работни ситуации делуваат многу поттикнувачки и поучно, поради тоа насочете ги своите интереси кон корисни цели. Важно е да го прилагодите својот професионален стил и вредносни критириуми спрема заедничките интереси. Кога се поклопуваат вашата добра волја и творечка енергија, тоа донесува посебен ефект. Емотивниот занес во вас побудува нови идеи и поттикнува глема радост, сакате да се испробате во различни ситуации. Умеете да блеснете во полн сјај во нечие друштво, потребен ви е добар поттик да ги изразите своите мисли и чувства. Љубовната хармонија позитивно влијае на вашата комплетна самодоверба и на големиот занес.

ВАГА

Во достоинствен стил и без непотребни прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои не ви се допаѓаат. Не можете да правите преодни компромиси кои не се во согласност со вашите морални начела, сега е доцна да ги корегирате своите пропусти или да менувате работна стратегија. Насочете ја својата креативна енергија во корисен правец и стрпливо почекајте на соодветни услови. Своите чувства не можете да ги подведете под некои „разумни мерила“, но тоа нема да ви пречи да ги остварите своите љубовни намери. Вашето однесување на најдобар начин отсликува љубовно задоволство или расположение кое го чувствувате во нечие присуство. Важно е да го следите својот „внатрешен глас“ или инстинкт.

СКОРПИЈА

Во некои неочекувани случувања или во необични ситуации на работната сцена, мора да делувате многу трезвено. Во состојба на резигнација и конфузија, можноста е погрешна ориентација или да создадете негативна тензија меѓу соработниците. Понекогаш постојат проблеми кои бараат фаза на креативна инкубација, пред да се искристализира добра одлука и позитивно решение. Во односот со љубовниот партнер, честите промени во расположението создаваат дополнителна нервоза или несигурност. Умеете да поставите строги критериуми и немате доволно разбирање за нечиј слабости или пропусти во однесувањето. Случувањата од вашиот љубовен живот не треба да го преокупираат вниманието на јавноста, бидете дискретни во своето однесување повеќе од вообичаено.

СТРЕЛЕЦ

Поттикнати сте од нечија приказна за службена соработка, ве привлекува идејата за нови професионални можности, различни повластици или општествен престиж. Вашите идеи се вклопуваат во заедничките интереси, така што соработниците со доверба ви препуштаат „водечка улога“. На многу успешен или ефикасен начин, може да завршите низа на службени договори на различни страни. На вашата самодоверба дополнително влијаат позитивни коментари и сјаен „впечаток“ за кој се зборува. Понекогаш партнерот умее да го наруши вашиот емотивен ритам или основно расположение, но вие не сакате да се помирите со споредна улога. За среќа, умеете да се ориентирате кон креативни содржини и нови „извори на радост“.

ЈАРЕЦ

Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и имате многу амбициозни работни планови. Со одредена доза на мудрост и со добро осмислени потези, лесно може да ги остварите своите работни намери. Не криете дека имате високи барања во секој поглед. Добрата проценка на работните можности со организираност и прецизност, донесува нов успех. Важно ви е да ја одржите романтичната слика во односот со блиска личност. Понекогаш вашата емотивна инспирација надминува и нечиј скриени фантазии. Вознемиреноста која често ја чувствувате не треба да ја доживувате како одраз на „слабост“, туку како дополнителен импулс. Делувате спокојно, само кога околу себе гледате среќни и задоволни лица.

ВОДОЛИЈА

Важно ви е да бидете забележани во работните кругови, посради тоа смислено испробувате нови стратешки потези. Но се има своја цена или разумна граница, до која ви е дозволено да импровизирате со своите оригинални идеи. Внимателно анализирајте ги своите соработници и прифатете добар совет, важно е да го споите пријатното со некое корисно или практично решение. Во љубовниот жвиот воглавно се раководите спрема своите емотивни импулси и потреби, се случува да изберете погрешен момент на својот партнер или на личноста која ви се допаѓа да соопштите некоја важна одлука. Партнерот со забележително неодобрување ги слуша вашите идеи. Потребно е да пронајдете соодветна формула, која води кон емотивно разбирање и зближување.

РИБИ

Неочекувани промени или нови случувања на работната сцена го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но во свој типичен манир делувате многу енергично и не се откажувате до зацртаните цели. Умеете да пронајдете заобиколни  и ефикасни решенија. Важно е да ги испочитувате зададените рокови и да придобиете нечија доверба. Ентузијазмот со кој настапувате пред своето опкружување, ќе се покаже од повеќе степена корист. Задоволството и новата хармонија која ве прати во семејниот живот или во односот со саканиот(ата), позитивно се рефлектира на вашето однесување и изглед. Во согласност со своите емотивни афинитети уживајте во нечие блиско друштво, без оптеретувања на непотребни „правила“ или предрасуди за заедничка среќа.

 

loading...

Коментирај