Не успеа да освои 60.000 долари: Ѓорческа поразена во финалето на фјучрсот во Тунис

0
307

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои турнирот во Тунис што се играше за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа во финалниот меч загуби во два (2:0) сета од Холанѓанката, Ришел Хогенкамп,инаку трета носителка на овој турнир со 7:5 и 6:4 во гемови.

Сепак за Ѓорческа ова е најголем успех со самиот пласман во финалето. Таа досега имаше настапи во финале само на турнири со награден фонд од 25.000 и 10.000 долари.

Со пласманот во финалето таа ќе освои 48 нови поени и ќе има скок на новата ВТА листата која ќе биде објавена утре, а во пресрет на нејзиниот настап на Грен слем турнирот во Париз „Ролан Гарос“.

Коментирај