Не сме заедно подолго време, но постојано комуницираме за синот

0
252

Во неговото, како што вели, прво и последно обраќање во јавноста за оваа тема, Даниел Кајмакоски со мејл порака за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ потврди дека на неговиот брак со Кристина навистина му дошол крајот.

Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за сe има вистинско време. Jас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност, пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.

Даниел и Кристина ја официјализираа врската пред три години, а набрзо потоа го добија и синот Давид.

Screenshot_8

Коментирај