Не се плаши, не си сама…

0
215

Денес не е лесно да бидеш сопруга, мајка и успешна деловна жена. А уште потешко е кога мораме да ги ускладиме сите овие работи. Не постои таков предмет на факултет за тоа како да се носите со стресот и со работно место од 18 часа.

Ако некој ми кажеше колку тешка задача преземам на мој грб, немаше да му поверувам, но секако ќе ја донесев истата одлука, затоа што нешто во мене, мојот биолошки часовник, исконски нагон за продолжување на човечкиот род ме водеше во таа насока. Разбирање, помош, кој те прашува за тоа… ПАРТНЕР, што е тоа? Сама си, а децата плаче, тој сака ручек, сака внимание, а ти, каде си ти во сето тоа?

Филмовите, бајките, сѐ тоа те наведува да мечтаеш за принцот на бел коњ кој секогаш ќе биде покрај тебе, мечтаеш животот е совршен или ако не е, сигурно ќе биде. Потпри се на мене, јас сум твој херој и секогаш ќе бидам тука за тебе. А на крајот сѐ се сведува на тоа дека столбот е надвор од нас самите и дека не можеме многу да постигнеме без партнерот.

Уште од мали нозе нѐ учат дека тешко ќе се снајдеме без маж во куќата. Или обратно, дека мажот не е целосен без женска грижа. Таа проблематика постои од многу одамна, уште од камено доба. Нашите гени носат илјадници кодови кои само се надоградувале и ја усовршувале таа генска карта во умот на жените и мажите која сега некако е пред уништување. Последните 100 години всадуваме нови информации и малку по малку еволуираме во жени и мажи кои имаат слободна волја самите да се носат со своите одлуки.

Знам дека овој пат е полн со трнови и не е лесно да чекорам боса и сама покрај толку патишта.

Вистинскиот пат се крие во нашето срце. Потребно е одвреме-навреме да застанеме, да се загледаме во него и да ја погледнеме мапата. Твоето срце знае сѐ за тебе и твоите желби и потреби, тоа е секогаш расположено да ти помогне. Никој не се родил со сето знаење на овој свет, сите ние имаме свој пат кој го откриваме или се плашиме да го откриеме, а нашето срце со својата  побуна укажува на тоа дека сме скршнале од патот. Не се плаши, не си сама, нѐ има уште.

Коментирај