Не размислува за пензија: Овој Ф1 возач наскоро полни 40 години!

0
262

Како што и самиот кажа претходно, не му недостига мотивација во Формула 1, иако наскоро ќе наполни 40 години.

Kimi-Raikkonen

Финскиот возач во Формула 1 тимот на Алфа Ромео, Кими Раиконен не размислува за пензија.

„Ова веќе стана хоби за мене, можеби и повеќе од што било друго. Тоа, најверојатно, е причина зошто повторно ми е забавно“, вели Раиконен.

Популарниот ,,Ајсмен,, во Формула 1 дебитираше во 2001 година, а шест сезони подоцна стана шампион на Ф1.

Од оваа сезона во Ф1 тимот на Алфа Ромео, откако Ферари на негово место го ангажира 21-годишниот Шарл Леклерк.

raikkonen1-lg

Кими Раиконен на првите две трки сезонава освои бодови, во Австралија беше осми, а во Бахреин седми.

„Мотивацијата никогаш не ми била во прашање“, рече Раиконен.

Тој во Ф1 кариерата има остварено 21 победа.

Викендов се вози третата трка за ГН на Кина и таа ќе биде јубилејна 1000-та трка во Ф1 историјата.

Првата трка се одржала во 1950 година, а победник бил Џузепе Фарина со Алфа Ромео.

Коментирај