НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Заедничко понеделничко дремење во друштво на високи функционери

0
542

“Поради исцрпниот викенд Ве покануваме да ни се придружите на заедничко понеделничко дремење во друштво на високи функционери од власта”, стои во најавата на настанот.

Настанот е закажан во Владата на Република Македонија за утре (понеделник) 3 декември 2018 година со почеток од 8.00 часот, а се предвидува да трае до 16.00 часот, односно колку што според најновите податоци трае работното време.

Но, како што може да забележиме од насловната фотографија на настанот, претставниците на Собранието на Република Македонија исто така се доста активни и посветени во реализација на оваа мачна работа.

Овој популарен настан предизвика вистинска бура на реакции на социјалните мрежи. Над 1.100 граѓани се заинтересирани да одат, додека пак 394 Фејсбук корисници со сигурност го потврдиле своето присуство.

Zaednicko-ponedelnicko-dremenje

  • Настанот е организиран од МАЈ ТАП, кој се надеваме дека не се мајтапи 🙂 Вашето присуство можете да го најавите ТУКА!

Дел од засегнатите се противат на закажаното време, сметајќи дека 8.00 часот е рано за изведување на вакви сериозни активности, порачувајќи дека првин треба да се отспие убаво, па дури потоа внимателно да им се пристапи на проблемите.

На нас ни останува да им посакаме успешна мисија и беспрекорна реализација на оваа доста тешка и захтевна акција.

Погледнете само колку им е тешко, навистина треба да се соживееме со нивните маки.

Zaednicko-ponedelnicko-dremenje-1
P.S. Не мора да ги соблекувате чевлите и чорапите, особено ако сте повеќе колеги во канцеларија. Таа привилегија им е овозможена само на истакнатите и заслужни функционери кои неуморно работат.

Коментирај