Не постојат граници за Dior – Diorshow 2018

0
103

Куќата на Dior, оригиналниот „креатор на боите“ инспирацијата ја наоѓа во креативниот и шарен свет на модните ревии. Не постојат граници за Dior кога станува збор за игра со бои.

„Сакав да им дадам на жените нешто што ќе ги инспирира да бидат храбри и да си играат со боите на елегантен начин“ – вели Питер Филипс, креативниот и имиџ директор за Dior make up.

DiorshowOn Stageсупер прецизно нанесување

Питер Филипс е човек чија имагинација не е ограничена со конвенционалност. Го смисли Dior Show On Stage Liner, кој беше наменет за жените што сакаат да ја истакнат својата уметничка страна преку процесот на разубавување. Овој нов течен молив за очи се нанесува многу едноставно, овозможува совршено и прецизно цртање линии и со негова помош е многу лесно да го повторите секој изглед кој што сте го виделе на ревиите, благодарение на апликаторот кој е практично половина фломастер, а половина четка. Тој е уникатно флексибилен, така што нацртаната линија ќе изгледа како да ја направил професионален мејкап артист. 

Пигментите се постојани, водоотпорни за период од 24 часа. Има ултра интензивна боја и ефект, а е дизајниран да им овозможи на жените да се изразат себеси со најголема слобода.

Diorshow On Stage Liner е достапен во ултра сјајна винил црна нијанса Vinyl Black 096 како и Matte White 001, Matte Pink 851, Matte Pop Green 461, Pearly Turquoise 351, Matte Red 861, Matte Pop Blue 261 и Matte Yellow 541 мат или светкави нијанси.

Dior Pump ’N’ Volume маскара

Dior Pump ’N’ Volume маскара дава инстант волумен во екстравагантни и водоотпорни бои. Минатата година, Dior на пазарот објави револуционерна Diorshow Pump ‘N’ Volume маскара чија формула даваше видливи резултати, односно забележливо зголемување на трепките. Оваа година, колекцијата е проширена со 4 дополнителни екстравагантни и модерни нијанси за храбри жени без предрасуди.

Флексибилно пакување

Со едноставно притискање на еластичната туба, густата Diorshow Pump ‘N’ Volume формула се пренесува на четката во неопоходната количина.

4 нови бои

Уживајте во боите дкрајот на трепките со новите варијанти кои се дел од лимитирана едиција на Purple Pump 160, Blue Pump 260, Coral Pump 640 и Pink Pump 840.

Питер Филипс вели вака: „Сите комбинации се возможни. Можете да нанесете црна во коренот на трепката, а во боја на врвот или пак обратно. На пример розова боја во коренот, а црна на врвот. Се е дозволно.“

За оние кои сакаат водоотпорна маскара, сите нијанси се достапни во водоотпорна варијанта.

Diorshow за веѓи: впечатлив изглед

Веѓите не се само детал на лицето. Совршено дефинирани, интензивни или со природен изглед, тие се многу важни за комплетниот впечаток на мејкапот на очите.

Формулата е богата со интензивни пигменти, а апликаторот овозможува лесно нанесување и дефинирање на веѓите.

Во себе содржи водоотпорни полимери и овозможува беспрекорен изглед 36 часа после нанесувањето. Лесно се отстранува со чистач за отстранување шминка, а е достапен е во три нијанси.

Извор:http://hybread.mk/

Коментирај