Не пијте кафе пред појадок

0
201

Веројатно ќе се согласите дека многумина првото кафе на празен стомак не го заменуваат за ништо на светот. Никој не би можел да ве разубеди, но кога станува збор за здравјето, сигурно е дека треба да знаете што тоа значи за вашиот организам.

Експертите објаснуваат дека во телото кога кафето се пие на празен желудник се зголемува количината на желудочна киселина која предизвикува проблеми во стомакот што можете да ги чувствувате цел ден. Високото ниво на киселост со тек на време може да предизвика проблеми во абдоменот, како чир на желудникот или синдром на иритирачки црева. Поевтиното кафе, односно она со лош квалитет, вообичаено има поголема киселост, што може дополнително да ја зголеми штетноста.

Пиењето на голема количина на кафе, исто така може да го зголеми чувството на тешкотии и стрес, а кога кафето го пиете на празен желудник, тој проблем дополнително се влошува.

Утринското кафе на празен желудник може да влијае на создавањето на серотонинот, неуротрансмитер кој е одговорен за чувството на среќа и благосостојба.

Истражувањата покажуваат дека кога ќе престанеме да пиеме кафе на празен желудник, се враќа доброто расположение.
Доволно е само да каснете барем неколку залчиња, па вашиот организам нема да трпи шок.

 

Коментирај