Не ги интересираат условите на гинекологија, туку двојазичноста: Директорот се пофали дека добил двојазични печати (ФОТО)

0
279

Економскиот директор на Универзитетската клиника за гинекологија, Валон Бела, од денес има печат на албански јазик. Тој во својот профил на Фејсбук вели дека и Клиниката за гинекологија започна спроведување на двојазичноста.

– Започна имплементацијата на двојазичноста како резултат на донесувањето на Законот за јазици.
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство сега веќе става печати и на албански јазик.
Честистки. Честитки.
# Продолжуваме_Работиме, стои на Фејсбук статусот на Бела.

Инаку минатата ноќ на владината зграда, беше поставена табела со новото име, Република Северна Македонија и на албански јазик.

direktor

Извор:kurir.mk

Коментирај