Не е важно времетраењето, туку колку често одите на одмор

0
61
happy family with two kids hands up on tropical beach

Според научни истражувања објавени во списанието „Студии за среќата“, постои совршена должина на одмор кој има максимален благотворен ефект врз здравјето и благосостојбата на луѓето.

Истражувачите од Универзитетот „Радбоуд“ во Нијмеген, Холандија, ги истражувале ефектите и влијанието на должината на одморот врз здравјето и благосостојбата на луѓето, по што истакнаа дека одморот треба да трае подолго од осум дена. Но, има интересен момент кај зачестеноста на одморите.

Во студијата учествувале 54 лица што имале просечна возраст од 42,5 години и сите биле вработени. Ова истражување се фокусирало на подолг одмор, од 15 до 34 дена, со просек од 23 дена. Научниците ги прегледале психолошките процеси што се поврзани со долго заминување од работа и како учесниците во експериментот се чувствувале здравствено за време и по одморот.

Учесниците пред, три или четири пати за време и пет пати по одморот го оценувале своето здравје и благосостојба врз основа на шест фактори: здравствена состојба, умор, задоволство, расположение, напнатост и ниво на енергија.

Во експериментот е утврдено дека здравјето и благосостојбата брзо се зголемуваат за време на одморот, а осмиот ден е врвот. Меѓутоа, во рок од една недела од враќањето на работа здравјето и благосостојбата се вратиле на почетно ниво.

Авторите на студијата заклучиле дека здравјето и благосостојбата биле подобрени за време на летните одмори, но оти овој позитивен ефект бил краткотраен. Според нив, честите одмори можат да бидат важни за зачувување на здравјето и благосостојбата. Заклучокот од студијата е дека должината на одморот не влијае врз здравјето и благосостојбата, туку колку често се оди на одмор.

Коментирај