Не е се во љубовта, има нешто и во Поршето

0
105

Една државјанка на Кина добила голем број негативни реакции на социјалните мрежи кога се пожалила дека го оставила момчето откако сфатила дека неговиот автомобил не е скапиот Порше Макан, туку неговата десет пати поефтина кинеска реплика.

Во својот пост на најпопуларната кинеска социјална мрежа Weibo, девојката објаснила што довело до прекин на нејзината кратка врска.

Парот се запознал на забава пред неколку недели. Кога си одела, тој се понудил да ја вози до дома. Била шокирана од неговиот Порше Макан, за кој дознала дека чини околу 220 илјади долари. Тоа ја навело да запраша како така богат човек може да се однесува толку скромно.

Девојката признала дека се заинтересирала за момчето кога го видела неговиот автомобил. Отишле на два состаноци, во кино и на вечера. Бил џентлмен, а уште повеќе ја заинтригирало.

-Помислив дека богатите ретко се скромни. Ми се допадна поради тоа што е посебен, напиша таа.

Меѓутоа, набрзо открила нешто чудно. И покрај луксузниот автомобил, момчето ја носел само во ефтини ресторани и секогаш носел ефтина облека, за која и сам признал дека ја купува преку оглас.

Девојката објавила фотографија од своето „богато, но скромно“ момче на Weibo, а потоа објавила и слика од неговиот автомобил.

И додека некои и честитале, некои други забележале дека не станува збор за Порше Макан…

Многу брзо потоа излезе дека станува збор за домашниот кинески бренд Зотје (Zotye), и оти момчето лажното Порше го купил на интернет. Новиот Зотје СР9 се продава по цена од околу 15 до 18 илјади долари и дефинитивно не е луксузен автомобил.

Бесна откако ја открила вистината, девојката се одлучила да му се спротивстави на момчето. Му пратила порака со прашање колку пари платил за својот автомобил.

Тој одговорил дека го купил за 1,2 милиони јуани (околу 180.000 долари), но тогаш почнала суптилно да го испитува за разликите меѓу неговиот автомобил и Поршето.

-Тоа е стар, мојот е најнов модел. Нормално дека не изгледаат исто. Зошто тоа толку те мачи, ја прашал тој.

-Дали мислеше на новиот модел на Зотје? Престани да се преправаш. Пријателите ми ја кажаа вистината. Прекинуваме!, му одговорила девојката.

Кога веќе бил фатен во лага, момчето ја обвинил девојката дека само сакала на другите да им го покажува „неговиот скап автомобил“.

Тоа било капката која ја прелила чашата.

-Како се осудуваш да ми приговараш дека сакам да се правам важна. Ти си го модифицирал својот автомобил како Порше. Одвратен си. Бев слепа што воопшто бев со тебе, порачала девојката.

Размената на нивните пораки, плус фотографиите од автомобилите, на кинеската социјална мрежа предизвикаа реакции кои девојката не ги очекувала, пишува порталот OddityCentral.

Таа вели дека сакал да ги предупреди другите жени на момчето со лажното Порше, кој го користи автомобилот за да ги намами девојќите во кревет. Меѓутоа, многумина ја запрашале што всушност се случило со сите чувства кон него.

Коментирај