Не е април а Леброн Џејмс ја заврши сезоната!

0
319

Леброн Џејмс предвреме ја заврши својата 16-та сезона во НБА лигата.

Лејкерси оваа сезона останаа без плејоф, иако во важеа за еден од фаворитите во сенка за титулата.

За Џејмс ова е прва сезона без плејоф уште од 2005 година, кога беше член на Кливленд Кавалирс.

– По консултации решивме да го ослободиме Леброн од учество во преостанатите натпревари од сезоната. Оваа одлука ќе му овозможи да се опорави целосно и да се подготви за идните успеси, се вели во соопштението на Лејкерси.

Џејмс оваа сезона за Лејкерс имаше во просек по 27,4 поени, 8,5 скока и 8.3 асистенции по натпревар.

Коментирај