НБА кошаркар загина во престрелка со полицијата

0
178

Поранешниот играч на Сакраменто и сегашен на Химки, Тајлер Ханикат е застрелан од полицијата во Лос Анџелес, откако пукал кон нив.

Телото на Ханикат е најдено во неговиот стан , откако од неразјаснети причини цели пет часа пукал кон полицијата од својот апартман во Шерман Оукс. Полицијата одговорила на повик на мајката на кошаркарот , која пријавила дека нешто не е во ред со нејзиниот син. Тој пред куќата пукал со пиштол. Кога дошле полицајците отворил оган и кон нив, по што било возвратено.

На тоа кошаркарот влегол во куќата и од таму продолжил да пука. На полицајците им се приклучиле полициските специјалци од SWAT тимот . Тие упаднале во домот и го нашле мртвото тело на кошаркарот.

Според портпаролот на полицијата, Ханикат самиот се застрелал пред доаѓањето на полициските специјалци. Кошаркарскиот клуб Химки од Москва, каде игра Ханикат се прости од него преку социјалните мрежи.

Извор:лидер

Коментирај